Wednesday, May 25, 2005

Тишината иде прва!

Да, точно е точно е тоа дека тишината иде прва. На пример прво беше тишина тука на овој простор, после дојдов јас на блогинг, и ете, пак си реков круша. Ама овој пат сакам да кажам два три збора за културата на ниво. На пример се среќаваат двајца и еднииот му вика на другиот:
Кај си бе да ти*** ова она!- а како треба? Кај си другарче шо праиш, добарден на тебе, како си?
е сега има тука еден проблем, не контаат сите онака ко што треба, а зошто е тоа токму баш така? Еве на пример да кажеме за пиците. Вкусни се не викам не, денес има многу пици. Ама најмногу ги јадат оние со шунка шо се.. а другине не се пици ами формата ја имаат само.. на пример пица со сирење- шо, си мислиш дека јадиш пица а она вкус на бурек има. Не дека бурекот е лош ами така. Еве на пример ставаат и зеленчук: тенки тркалца од домат, и после тоа е прсти да излижеш. Е сега не буквално да излижеш прсти оти тоа е некултурно, ами тоа се вика за да се каже дека е многу вкусно само на народски начин. Е ако сватиш буквално тоа би дошло, рецимо, ако јадеш еурокрем а немаш прибор и мораш со прсти.. и после си лижеш прсти. Не дека е лошо ами некултурно, сега не секој лиже прсти, некој мачка на леб. Најдобро е да се мачка на топол леб, највкусен ем а и најмногу го јадат децата оти е мек. Е сега за забите пак не едобро само топол леб и мек, треба нешто тврдо за да ојакнат малце. Не е стварта да гнете калциум со апчиња ами треба по природен пат,. Не мислам дека тоа значи да гризе вар, ами со јадење на овошје зеленчук и забите се поздрави. Е сега пак постои можност за кариес да фати. Е па има орбит без шеќер. Е зашто без шеќер ќе кажеш. Па затоа што тоа е мастика против кариес и ако има шеќер нема да биде против кариес, него во коалиција со него. Е постои можност да имаш ммонархија во забите, сакаш од кариес сакаш од калциум. Мислам не буквално монархија а преносно сакам да кажам кое да преовладува. Еве да кажеме де платата од 300 марки и не е така мала без разлика дали се дава еднаш месечно или еднаш годишно. Тоа пак е на место, ај замисли некој што зима плата да кажеме од 100 марки. Не ве лаже. тоа не еплата а хонорар. Има разлика помеѓу тие два поими, рецимо хонорар има Х ама нема М, а плата има Л а нема Х или Џ. се исто.. не е битно тоа сега, сакав да кажам дека тишината иде прва, другите по неа. Сите си одат она останува. Овај пат ќе остане таа и помалку од вашиот ЕК на ова.

Tuesday, May 17, 2005

Пепе-рутката или Коњо-штипот?

Си велев еднаш, “На врв брда врба мрда„. и еднаш чув како некој ми возвраќа “Кур мрда врба„. И ете.... џабе ми беше да си викам и круша. И не беше баш лесно, навали времето нешто, па навали, нура по џебовиве, се си мислеше да не сум украл некоја секунда, па да сум ја ставил во џебот. А не, јас само одев така по патот и нешто зачудено гледав, а во мене ни секунда немав, ни секунда трошев. А знам, се тоа стана оти закаснив минута.